Патеката на клукајдрвчето

Проектот „Патеката на клукајдрвчето“ на Македонското еколошко друштво (МЕД), има за цел да се промовираат  вредностите на старите букови шуми, едукација и подигнување на јавната свест за нивното значење преку подобро разбирање на концептот на одржливо искористување на буковите шуми. Проектот се спроведе на локалитетот Пониква, на територијата на општина Кочани.

DSC_6994_1000x662 MED

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:

  • Воспоставена е патека во букова шума на локалитетот Пониква, маркирани се едукативни точки долж патеката за кои се подготвени информации и се поставени  информативни табли на почетокот од патеката.
  • Подготвен и испечатен е Водич за Патеката на клукајдрвчето, кој покрај инструкциите за начинот на спроведување едукација долж патеката, содржи и различни игри и задачи за деца, преку кои тие полесно ќе ги спознаат вредностите на буковите шуми.
  • Реализирани се работилници за едукативните работници и други клучни страни од регионот за зајакнување на нивните капацитети и препознавање и зачувување на биолошката разновидност, како и јавен настан на крај од проектот со цел промовирање на патеката.
  • Органиизран е едукативен настан во соработка со општина Кочани и основните училишта од Кочани, на кој учениците имаа можност да се запознаат со Патеката на клукајдрвчето и да ја поминат заедно со едукаторите.
  • Проектот беше промовиран преку регионалните и национални медиуми.

DSC_7005_1000x662

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...