Проектот беше поддржан во рамки на спроведените модули за едукација на општинските администрации за одржливо управување со природните ресурси. Проектот беше спроведен од страна на Општина Делчево, во партнерство со Општина Пехчево, со цел промоција на природните ресурси во регионот Малеш Пијанец и нивно ставање во функција на одржлив туризам. Со проектните активности се уреди велосипедска патека на планината Голак, беа мапирани и соодветно обележани 21 локација, а исто така се подготвија промотивни материјали и веб страна, како и промотивно видео. Дополнително, беше реализирана едукација за вработените во општинските администрации, како и за останатите чинители во туристичкиот сектор.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Заштита на природните вредности и нивно ставање во функција на образовни и туристички цели;
- Подигната свеста кај населението и посетителите за вредностите со кои располага регионот и нивно ставање во функција за зачувување на природата и локален економски развој.

Проектот беше реализиран во периодот ноември 2016 – април 2017 година. Во ПЗП-фаза 2 проектот беше надграден со дополнителни содржини и вклучување на Општина Берово.


