Проектот го спроведе Регионален центар за застапување – Делчево во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, со цел да се спроведат енергетско ефикасни мерки за намалување на загадувањето на животната средина, особено со стакленички гасови и да се добие топла вода за одржување на хигиената во училиштето и за лична хигиена на учениците.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Инсталирани се 7 колекторски системи, кои се поврзани со нови инсталации во тоалетите на училиштето, како и санитариите и тушевите во спортската сала;
- Се реализира еднодневна работилница за енергетска ефинасност, наменета за вработените во училиштето и родителите;
- За подигање на јавната свест се подготви и дистрибуира промотивен материјал за енергетска ефикасност: Проектните резултати беа промовирани на прес конференција, како и на локалните медиуми.

