Проектот го спроведе Општина Делчево, со цел намалување на емисијата на СО2 преку преземање на енергетско ефикасни мерки и намалување на загадувањето на животната средина. Со проектните активности заменети се 35 улични конвенционални светилки со ЛЕД светилки и се поставени 16 ЛЕД рефлектори на спортските терени на ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Примена на конкретни мерки за енергетската ефикасност преку замена на дел од светилките во јавното осветлување од сегашните живини со енергетско ефикасни;
- Заштеда на финансиски средства од општинскиот буџет кои се трошат за јавно осветлување.
Проектот беше реализиран во периодот јули – декември 2015 година.