Проектот го спроведе Општина Пробиштип, со цел креирање на долгорочни и одржливи услови за енергетска ефикасност во општина Пробиштип. Во рамки на проектот се реализираа конкретни мерки за енергетска ефикасност на клонот „Срничка“ на детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип, кои опфаќаа промена на столаријата и поставување на ПВЦ енергетски ефикасна столарија.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Заштеда на енергија за загревање и ладење и заштеда на финансиски средства како резултат на намалување на потрошувачката;
- Намалени емисии на штетни гасови;
- Подобрени услови во објектот со целосно елиминирани можности за појава на влага
- и мувла;
- Овозможено природно вентилирање без користење на додатни електични уреди со дополнително трошење на енергија.
Проектот беше реализиран во периодот јули – декември 2015 година.