Проектот го спроведе Општина Пехчево со цел да се подигне нивото на едукација на децата, младите, возрасните и туристите, за природните вредности на Барскиот екосистем Езерце. Со проектните активности се уреди просторот околу барскиот екосистем на периферијата на Пехчево, со намена да се користи како училница на отворено за едукација во природа за учениците од основните и средните училишта од Пехчево и од Регионот, како за рекреација на туристите кои доаѓаат да го посетат Пехчево.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Уреден рекреативен центар „Езерце“ со урбана опрема, платформа за набљудување и осветлување;
- Воспоставена училница на отворено со едукативни табли и уредена површина со засадување на автохтони растенија.
Проектот беше реализиран во периодот септември 2015 – август 2016 година.
