Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa го спроведе проектот во атарот на четири општини Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, односно во руралните средини во кои населението воглавно се занимава со одгледување на житни култури.
Реализацијата на овој проект придонесе кон:
- Зачувување на биодиверзитетот и структурата на почвата во руралните средини односно на полињата каде се одгледуваат житните култури;
- Се подигна свеста кај населението кое се занимава со одгледување на житни култури за штетите кои настануваат од палење на жетвените остатоци;
- Придонесе кон зачувување на биодиверзитетот, и заштита на почвата ( микроорганизмите што вршат разградување и минерализација на органската материја од жетвените остатоци кои го населуваат површинскиот слој почва кој во случај на палење тотално се уништува до длабочина од 5 цм. како и поситна фауна која е присутна во овој дел од почвата);
- Заштита на птиците што живеат во полето во регионот;
- Намалување на количината на употребени минерални ѓубрива кои дополнително ја загадуваат почвата и природните и подземни водотеци и го нарушуваат биодиверзитетот.

Во рамки на проектот беа реализирани следните активности:
- Се одржаа 20 трибини со препораки за алтернативни методи за справување со жетвените остатоци преку заорување на жетвените остатоци непосредно по жетвата, мулчирање, правење на брикети, користење на сламата како сточна храна за преживари преку третирање со уреа;
- Идентификувани се четири фокус фарми, на кои беше реализирана едукација на фармерите, кои се придржуваа кон препораките што им беа дадени од консултантот, а се однесуваа на справувањето со жетвените остатоци. На фармите се правеше и мониторинг за следење на резултатите од спроведените активности;
- Се испечатија и дистрибуираа едукативни материјали за опасностите од палење на жетвените остатоци и алтернативните методи кои може да се применат;
- Се поставија табли за предупредување за опасноста од палење на жетвените остатоци во сите четири општини;
- Посетена беше фокус фарма во с.Пуздерци, каде беше спроведена и обука на присутните учесници за правење брикети од слама;
- Проектните активности беа промовирани на локални и регионални медиуми.

