Да растеме здраво во пријатна и чиста средина

Проектот го реализира Општина Македонска Камница, со цел зачувување на здравата животна средина во околината и регионот пошироко, преку заштеда на електрична енергија и енергенс за затоплување на објектот на детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица. Со проектните активности се заменија прозорците кои не ги задоволуваат стандардите на термичка изолација на објектот, се постави термичка изолација на надворешните ѕидови на објектот, се спуштија таваните на корисните простории (занимални, игротеки, холови и други работни простории). Од страна на општината дополнително беа поставени фото релејни колекторски панели за топла вода.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:

  • Намалена потрошувачка на гориво за затоплување на објектот, со што се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата;
  • Намалена потрошувачката на електрична енергија со интегрирање на сончевите колектори за топла санитарна вода;
  • Обезбедување на попријатна работна атмосфера во занималните, како и заштеда на топлинска енергија при нивното загревање;
  • Подигање на јавната свест кај вработените во градинката и најмладата популација за штедење на енергијата како предуслов за заштита на животната средина.

Проектот се реализира во периодот јули 2015 – февруари 2016 година.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...