Во текот на 2017 година преку Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, а во соработка со Министерствотото за животна средина и просторно планирање, Македонското еколошко друштво и група експерти (домашни и странски) се отпочна со еден сосем нов процес како за државата така и за регионот. Овој процес се однесува на систематско спроведување на концептот на екосистемски услуги на национално ниво. Во последнте 10 години концептот на ЕУи добива сѐ поголемо внимание и интернационално препознавање како концепт преку кој поактивно се земаат предвид и планираат различните бенефити што човекот ги добива од природата. Се повеќе академската фела и креаторите на политики се сложуваат дека проценката на екосистемските услуги значително може да го подобри квалитетот на процесите на планирање и донесување на одлуки. Дополнително, креаторите на политиките сфатија дека услугите на екосистемот или решенијата засновани врз природата (на пр. користење на мочуриштата за прочистување на водата или спречување на поплави) може да бидат поефикасни од техничките инфраструктури (Maes et al., 2012).
Со примена на овој концепт ќе се придонесе кон промовирање на интегративниот и холистички пристап во креирањето на политиките и донесувањето на одлуки, како и во дизајнирање на решенија и мерки кои подеднакво би ги зеле предвид зачувување на природата, економскиот просперитет и социјалната благосостојба. Дополнително, со примена на концептот ќе и се помогне на државата во остварување на националните, европските и глобалните цели за заштита на природата.
Систематското спроведувње на концептот во голема мери ги следи препораките и рамката за интегрирана анализа дефинирани од страна на работната група на Европската Унија за картирање и проценка на екосистемите и услугите кои тие ги озбебзедуваат. Согласно на ова, спроведување се состои од следниве елементи:
– Картирање на екосистемите и проценка на состојбата на екосистемите
– Проценка и картирање на екосистемските услуги
– Јакнење на капацитетите на заинтересираните страни
– Практична примена на концептот
Повеќе за екосистемските услуги, спроведувањето на концептот, како и за тековните активности може да прочитате во полињата дадени подолу.