Проектот го реализира Општина Карбинци, со цел да се зголеми ефикасноста во давањето на услугите кон граѓаните од страна на општинската администрација, преку подобрување на работните услови во зимскиот период, како и намалување на трошоците за затоплување на административната зграда на Општина Карбинци. Во рамки на проектот се изгради котлара и се постави комплетна инсталации за централно топловоно греење (цевен развод од бакарни цевки, грејни тела – панелни радијатори) со котел на пелети.

Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Подобрени услови за работа во зимскиот период со комплетна инсталација за централно топловоно греење;
- Долгорочно намалување на трошоците електрична енергија;
- Долгорочно подобрување на квалитетот на животната средина преку користење на обновливи извори на енергија со емисија на мала количина на CO2.
Проектот беше реализиран во периодот ноември 2015 – август 2016 година.

