Идентификација, инвентаризација, промоција и зачувување на дрвјата споменици на природата и на најстарите-вековни дрвја, значајни за бидиверзитетот на Малешевските Планини

Проектот го спроведе Балканската фондација за одржлив развој, на територијата на општините Берово и Пехчево. Општа цел на проектот е зачувување на природата и биолошката разновидност на Малешевските Планини. Конкретните цели на проектот се поврзани со заштитата на дрвјата споменици на природата и на старите-вековни дрвја и кои имаат големо значење за биодиверзитетот на Малешевските Планини.

Во рамки на проектот се реализирани следните активности:

  • Идентификувани се и евидентирани 35 стари дрвја, кои имаат предиспозиции за номинација;
  • На сите евидентирани дрвја извршени се потребните мерења, кои се внесени во формуларите за идентификација;
  • Извршено е дигитално позиционирање на дрвјата на теренот преку утврдување на нивните координати и дигитално мапирање во софтверски пакет OruxMap.

Од спроведените активности и постигнати резултати евидентно е дека на Малешевските Планини има поголем број на стари-вековни дрвја кои се значајни за биодиверзитетот и кои имаат карактеристики на споменици на природата. Затоа потребни се подетални теренски истражувања за нивно идентификување и евидентирање, кои понатаму ќе помогнат за нивно промовирање и зачувување. За таа цел во ПЗП-фаза2 оваа проектна идеја беше надградена и активностите се проширија и во делот на Делчево.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...