Проектот го спроведе Движењето за одржлив развој (ДОР) од Кочани. Цел на проектот е заштита и промоција на група платанови стебла (Platanus orientallis) во населеното место Мородвис.

Со реализација на проектот се спроведе постапка за ре-прогласување на платановите стебла (Platanus orientallis) во населеното место Мородвис за природна реткост, како и нивна соодветна заштита и промоција на природната реткост во поширокта јавност. На 05.04.2016 год. од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија е донесено Решение за прогласување на платанови стебла (platanus orientalis) – Мородвис за природна реткост и истото е објавено во службен весник бр. 65 од 05.04.2016 год. Со тоа се придонесе за заштита на уште една природна реткост во Република Северна Македонија како и промовирање на природните убавини на пошироката јавност. Воедно овој проект покрена иницијатива за следни слични вакви активности во Брегалничкиот регион и со поддршка на ПЗП беа прогласени уште 5 природни реткости.

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:
- Изработен е елаборат за ревалоризација на природната реткост со акциски план за заштита и картографски приказ, како основ за поднесување на предлогот;
- Поднесена е соодветна документација за ре-прогласување на природната реткост платанови стебла (Platanus orientallis) до МЖСП, врз онова на која е донесено Решение за прогласување;
- Се спроведоа итни конзерваторски мерки за заштита на платанови стебла, а исто така се поставија информативни табли и со специфики за природната реткост;
- Природната реткост беше промовирана на поширока јавност, преку печатење на флаери и брошури, едукативно предавање за учениците од Зрновци и Кочани, како и континуирана медиумска кампања.
