Заштита и промоција на агробиодиверзитетот во општина Зрновци

Проектот го реализира Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци, со цел создавање на услови за подобро управување со агробиодиверзитетот во општина Зрновци преку:

  • Подигање на јавната свест за потребата од подобрување на квалитетот и одржлива употреба на почвите во општина Зрновци;
  • Запознавање на населението на општина Зрновци со важноста на различноста на земјоделските култури, со аспект на старите сорти и раси;
  • Запознавање на населението со важноста и улогата на животните во одржливото управување со агробиодиверзитетот во општината и пошироко.

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:

  • За подигање на јавната свест беа одржани предавања во Ресурсниот тренинг центар во Зрновци за „Значењето и улогата на сточниот фонд во одржливото управување со агробиодиверзитетот, со акцент на зачувување на автохтоните раси на домашни животни“ и „Улогата на пчелите во зачувување на агробиодиверзитетот“, со организирана посета на пчеларник во близината на Зрновци, а за членовите на Клубот на млади истражувачи составен од ученици од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци се организираше студиска посета во Скопје, со посета на Институтот за земјоделие, Факултетот за земјоделски науки и храна и Природно научниот музеј на Македонија;
  • Се изгради  водопоило со чешма во месноста „Среден рид“ во с.Зрновци, со цел да се обезбеди чиста вода за напојување за стоката која гравитира околу оваа локација;
  • Беше огранизирана посета на фарма со автохтони овци „Праменка овчеполка“ во с.Патралица, кривопаланечко за заинтересирани сточари од општина Зрновци и регионот;
  • Создадена е колекција од семиња од локални земјоделски култури присутни во општина Зрновци (локална ген банка), со користење на формираниот ресурсно тренинг центар и вклучување на членовите на Клубот на млади истражувачи.
  • За едукација на населението, се подготви и испечати брошура за Мерки и активности за подобрување и одржливо искористување на почвите, како и за Значењето на органското производство и примена на стандардите за добра земјоделска пракса во насока на зачувување на агробиодиверзитетот.

 

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...