Проектот го реализра Сојузот на извидници на Македонија, во четири општини од сливот на Брегалница: Штип, Кочани, Берово и Делчево, со цел да придонесе младите луге во регионот на реката Брегалница да бидат свесни за потребата од заштита на природата и да играат активна улога во заштитата и зачувувањето од загадување на реката Брегалница, преку спроведување на конкретни активности.

Активности кои се реалзирани во рамки на проектот:
- Креирани се младински платформи во општините: Штип, Кочани, Берово и Делчево, преку кои младите активно беа вклучени во активностите на локално ниво. Три од платформите се активни, а во Кочани е регистиран и официјално Извиднички одред;
- Реализирана е пловидба по текот на р.Брегалница со мапирање на околината и живиот свет. Младите дополнително се здобија со едукација за снаоѓање во природа и начин како да ја мапираат околината;
- Организиран е Еко камп во с.Орел – Свети Николе со учество на младите од платформите, каде се здобија со едукација за биолошката разновидност и зачувување на природата, а од природни материјали беа изработени реквизити за уредување на дворот на објектот каде се одржа кампот;
- Беа организирани промотивни настани на плоштадите во Штип, Кочани и Делчево за промоција на младинскиот активнизам за зачувување на природата;
- Проектот е промовиран преку локалните и регионалните медиуми.

Долгорочното влијание на проектот е воспоставување на младински платформи кои ќе продолжат да делуваат и функционираат по завршувањето на проектот. Овие платформи се одржлив ресурс кои продолжија со иницирање на локални акции за заштита и зачувување на реката Брегалница.
