Проектот го спроведе Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa, во партнерство до Детската градинка „Гоце Делчев“, со цел да се да се заштити и зачувува животната средина. Со термоизолационата фасада, како една од методите и техниките за заштеда на енергија, се намалија трошоците за греење и ладење на објектот, како и емисијата на CО2. Исто така проектот придонесе и за да се подигне јавна свест за зачувување на природата и користење на обновливи извори на енергија и примена на енергетско ефикасни мерки и техники.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Изработена е термоизолациона фасада на градинката со површина од 590 м2, по претходно направена анализа на објектот и подготвена документација;
- Вработените во детската градинка беа едуцирани за придобивките од „Енергетски Ефикасни објекти“;
- Се одржаа 10 едукативни часови/работилници со дечињата на возраст од 5 и 6 години, со користење на едукативен материјал цртежи-боенка со мотив од енергетски ефикасни уреди;
- За подигање на свеста на децата исто така се спроведе ликовен конкурс за најдобри ликовни творби, а проектните активности беа споделени на локалните и регионалните медиуми.
По реализацијата на проектот, беше евидентирано намалување на потрошената електрична енергија и пелети за затоплување.

