Проектот го реализираше здружението Движење за одржлив развој (ДОР) од Кочани, со цел промовирање на обновлива енергија преку енергетско – ефикасни мерки за подобра животна средина во општина Чешиново – Облешево.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Направено е енергетско снимање на објектот ЈОУДГ „Ѕвездички“ – Чешиново, за потрошувачка на електрична енергија, врз основа на што е подготвен Eлаборат за потрошувачка на електрична енергија во градинката ЈОУДГ „Ѕвездички“ – Чешиново и мерки за енергетска ефикасност;
- Поставен е сончев систем за добивање на топла санитарна вода, а вработените во градинката се обучија за начинот на користење на системот;
- За да се запознаат децата со можностите и моќта што ја има соларната енергија и другите алтернативни извори на енергија, се организираа работилници, на кои беа изработени и макети кои работат на соларна енергија;
- За подигање на свеста за придобивките од користење на обновливи извори на енергија, беше подготвена брошура, а исто така беше спроведена и локалана медиумска кампања.

