Проектот беше имплементиран од старна на Здружението за рурален развој ЈАВОР – Зрновци, со цел да придонесе кон создавање на услови за одржливо управување, зачувување и валоризација на природните ресурси во општина Зрновци.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Уреден е тренинг ресурсен центар за биодиверзитет во општина Зрновци. ЗРРЈавор во успешна соработка со општина Зрновци извршија реновирање и адаптирање на просторија која ќе биде користена од клубот на млади истржувачи, учениците и професорите од ОУ„Синиша Стоилов“, заинтересирани посетители, туристи и сл;
- Реализирани се неколку теренски истражувања на река Зрновка, а како финален резултат е подготвен „Извештај за извршена анализа на алгите и макроинвертебратната фауна на река Зрновка“;
- Воспоставена е „Патеката на вировите“, во должина од 2 км по течението на река Зрновка, на која се поставeни информативни табли за биоразновидноста на р.Зрновка;
- Формиран е клуб на млади истражувачи во рамки на ОУ „Синиша Стоилов“, а за учениците се спроведоа ликовен и фото конкурс на тема „Биолошка разновидност на општина Зрновци“;
- Во прилог на подигање на свеста, се испечати брошура за природните вредности на општина Зрновци, а беа подготвени и постери со мотиви биодиверзитет во општина Зрновци.

