Проектот беше спроведен од страна на Националното здружение на сопственици на приватни шуми во Малешевијата, со цел да влијае директно на подигање на свеста на приватните сопственици на шуми за последиците од шумските пожари и процесите на ерозија, како и за вредноста, значењето и зачувувањето на шумите и шумските екоситеми.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Поставени се опитни површини на местата предвидени за тоа, на истите се вршеше мониторинг и се направи компаративна анализа на добиените резултати;
- Организирани се 2 дводневни обуки за сопствениците на приватни шуми за значењето на одржливото управување со шумите;
- Организирана е една работилница на експерименталните парцели наменета за сопствениците на приватни шуми;
- Организирани се 4 интерактивни еднодневни работилници со учениците за подигање на свеста за значењето на шумите;
- Испечатен е леток со едукативна содржина кој е дистрибуиран до целните групи;
- Резултатите од проектот беа промовирани на Форум, со учество на членовите на Здружението, како и релеванти претставници од засегнатите страни: ЈП Македонски шуми, ПЕ на Министерствата и општините.

