Преку проектот што го спроведе ОХО на планината Голак, беа применети разни практики од неформалното образование во поглед на учење за природата и биолошката разновидност, со цел зачувување на природата во Брегалничкиот регион.

Активности кои се имплементирани во рамки на проектот:
- Воспоставена и маркирана е едукативна патека на планината Голак во должина од 1 км, на која се креирани и поставени информативни и едукативни табли, за да се зголеми интересот кај најмладите за активно учество во истражување и учење за природата и биолошката разновидност;
- Подготвена и испечатена е мапа за патеката која е дистрибуирана до училиштата од Брегалничкиот регион;
- Реализирани се едукативни и истражувачки активности во природа со едукативните институции од целниот регион, за промоција на едукација за природата – учење во природа, како и за подигнување на јавната свест кај најмладите и општо целокупната јавност преку активности на отворено и внесување на практики од неформалното образование.

