05
Мај
2023

Како да им помогнеме на пчелите?

Во последните години, дивите видови на пчели се соочени со многубројни и разновидни проблеми, опасности и предизвици што негативно влијаат и на видовото разнообразие, но и на бројноста на популациите. Дивите пчели се клучни во опрашувањето на речиси сите цветни видови на Земјата и имаат важна улога во одржувањето на рамнотежа во природата. Уништувањето на екосистемите и живеалиштата, шумските пожари, прекумерната употреба на пестициди, паразити како и климатските промени сериозно влијаат врз животот на дивите пчели. Овие пчели, за разлика од медоносната пчела, се оставени сами на себе, па затоа мора да се обидеме да им помогнеме во нивната борба за опстанок преку мали промени во нашето однесување.

Зачувување на зелени површини

Зелените површини и сите мали цветни растенија се од клучно значење за животот на дивите пчели. Затоа треба да ги заштитуваме и прошируваме овие површини особено во градските урбанизирани средини. Освен тоа можеме да го регулираме косењето на површините – односно да се коси зеленилото, подоцна во сезоната, кога растенијата ќе прецветаат, а доколку косењето е многу важно, тогаш да се коси мозаично и да се остави дел од површината неискосен.

Употреба на пестициди

Пестицидите директно влијаат врз здравјето на дивите пчели и тие се недолжни жртви од нивната употреба. Пестицидите имаат катастрофално влијание врз дивите пчели и со мало невнимание може да се уништат цели популации. За да не се случи тоа, се препорачува разумно и уморено употребување на пестициди или идеално употреба на биолошки пестициди кои нема негативно да влијаат на пчелите, но и на другите инсекти опрашувачи.

 Садење на цветни растенија

Еден од начините на кои може да им помогнеме на пчелите, особено во урбаните средини е да засадуваме цветни растенија кои ќе им бидат резервен извор за храна. Ова е особено важно во периодите на рана пролет и есен кога се намалува процентот на достапен полен. Ова значи да бираме да садиме растенија кои цветаат во рана пролет или пак оние кои цветаат доцна во летото.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...