Во тек е процесот на капитализација на резултатите на Програмата за зачувување на природата
Споделувањето на постигнатите резулати и научените лекции од пристапите за зачувување на природата, се дел од активностите кои се применуваат во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП). Фармахем, како координатор на ПЗП во соработка со HELVETAS кој е клучен backstopper, во излезната фаза ги фокусира активостите на капитализација на досегашните резултати и овозможување на нивна достапност за сите заинтересирани страни.
Во таа насока, изминатата недела, на 11 и 12 април се одржаа работилници за подготовка на фактографски документи со партнерите на ПЗП: Македонско Еколошко Друштво и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ), на кои под менторство на Jane Carter од HELVETAS се структуираа постигнатите резултати во компонентите за зачувување на биолошката разновидност и воспоставување на заштитени пoдрачја и интегрирано управување со шумите.
Во следниот период Проектниот тим на ПЗП, во соработка со партнерите и другите засегнати страни кои беа вклучени во реализација на проектните активности ќе работат на финализација на документите и нивна достапност за пошироката јавност.