Одржан модул 8 од обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистемски услуги
Од 8 до 10 февруари, во х.La Terrazza во Стар Дојран се одржа осмиот модул од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистемски услуги кој беше фокусиран на темата за управување со конфликти.
Првиот ден од модулот 8 беше во знакот на запознавање на присутните со темата за управување со конфликти, дискусии и вежби на истата тема, додека вториот ден беа презентирани и разговарани повеќе теми како: Идентификување на области на потенцијални конфликти, анализа на влијанието на конфликтите врз засегнатите страни, дефинирање на улога на вклучените актери при решавање на конфликти, насоки за превенирање и справување со конфликти како и избор на алатки за решавање на конфликти. Предавач и модератор на овој модул беше Александар Караев, експерт во областа на комуникации.
Последниот ден од обуката се однесуваше на воспоставување на националните мрежи за екосистемските услуги како дел од ESP (Ecosystem service partnership) платформата со презентација на примери и разговор за актуелната состојба во државата.. Од сите присутни беше изразен особен интерес и поддршка за воспоставување на една ваква мрежа и кај нас како можност за подобрување на процесот на донесување на одлуки за одржливо користење на природните ресурси и услугите кои се обезбедуваат од екосистемите.
На обуката која што се одржува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија, координирана од Фармахем од Скопје, присуствуваа претставници на институции и организации кои се поврзани со управување и мониторинг на природното наследство (како веќе воспоставени заштитетни подрачја, оние кои се во постапка за репрогласување, невладини организации и сл.), со донесување на одлуки како и креатори на политики.