Како да ја сочуваме водата како природен ресурс?
Покриеноста со течна вода е карактеристика на планетата Земја. Иако повеќе од 70% од планетата е покриена со вода, сепак само 2,5% од вкупната вода на планетата е слатководна вода – форма на вода што можеме да ја консумираме ние и речиси сите животински видови на планетата. Токму затоа водата се нарекува главна причина за живот на оваа, но и на било која друга планета каде би барале живот. Водата постојано циркулира низ природата низ еден од најголемите природни процеси – кружење на природата или воден циклус. Водата бескрајно кружи помеѓу океаните, атмосферата и почвата.
Но овој милениумски циклус на кружење на водата низ годините се нарушува и менува, поради активностите на човекот. Загадувањето на атмосферата, ги забрзува и засилува влијанијата на климатските промени што води до сериозни и силни временски непогоди, проследени со долги периоди на суша. Неразумното користење на водата за наводнување и нејзино користење во индустријата го намалува количеството достапна вода, а често и таа вода што е достапна хемиски е загадена преку пренесување на загадувачки материи од почвата. Масовната сеча на дрвја, како и нарушувањето на природните текови на слатководните екосистеми дополнително влијае врз природните извори на вода преку кои се снабдуваат и човечките населби, но и целиот жив свет.
Но, водата е природен ресурс на кои сите влијаеме, што значи со мали промени кон односот со потрошувачката на вода, значајно можеме да придонесеме до нејзино зачувување.
- Не оставајте ги чешмите, тушевите и славините вклучени додека не ја користете водата.
- Наместо долги купки, обидете се со туширање.
- Доколку имате двор или градина, користете разумно количество на вода, во период од денот како растенијата најмалку транспортираат.
- Доколку сте земјоделец или имате поголеми насади, одгледувајте сорти и видови кои имаат помала потреба од вода.
- Не ги загадувајте изворите, реките и езерата со било каква форма на загадувач.
- Купувајте на машини за алишта и садови кои имаат кратки циклуси за перење со помалку вода.
Секоја капка значи.