Храната и заштитата на животната средина
Да се нахрани светската човечка популација која постојано расте од ден во ден станува се поголем предизвик за природата, особено што се повеќе луѓе во светот преминуваат на т.н. западен стил на храна кој е неодржлив и зависи од неколку видови на монокултури. Уште поголем предизвик и да се одржи ова темпо на производство на храна, без притоа да се влијае на природата неповратно.
Се што јадеме, се што користиме во исхрана доаѓа од природата. Светската популација, која веќе брои повеќе од 7 милијарда, расте се повеќе, поточно 83 милиони граѓани на светот секоја година. До крајот на оваа деценија се очекува дури 1,4 милиони луѓе да бидат дел од светската средна класа, со што побарувачката за храна значително ќе порасне. Затоа, процесот на хранење на целата оваа популација, директно влијае врз сите процеси за зачувување на животната средина и природните ресурси.
Сепак производството на храна освен што го храни светот, тоа е една од најголемите индустрии во светот. Се смета дека секој 3 вработен човек на светот е дел од прехрабрената индустрија, особено земјоделството. Едни од најголемите работодавачи денес, се големите фарми и рибници.
Во последните години, новите технологии и модерната техника дадоа огромни резултати и бројот на гладни луѓе иако сè уште голем тој веќе со декади се намалува. Но, сепак мора да је истакнеме и другата страна на земјоделството. Земјоделството е главна причина за обесшумување во светот и 80% од светските загуби на шуми на годишно ниво доаѓаат поради проширување на земјоделските површини.
На светот помалку од 3% од вкупната вода на Земјата е слатководна, а само дел од оваа вода е достапен за користење. Од овој мал дел на вода, дури 70% се троши во земјоделството и производството на храна. Ова значи дека како се зголемува потребата за храна, така се намалува достапноста на вода за сите. Сепак, вината не може да се насочи само кон индустријата за храна и земјоделството. Во светската економија, побарувачката ја диктира потрошувачката. Што значи дека секој од нас носи по малку одговорност за ситуацијата.
Свесни сме, дека секој поединец може да придонесе малку во заштита на животната средина. Постојано се препорачува да се рециклира и да не се употребува пластика. Но, всушност храната е најлесен начин како може да придонесеме кон зачувување на здравјето на планетата.
Што одбираме да јадеме, директно може да влијае врз животната средина и така може да и помогнеме на природата. Нашата диета зависи од нашиот личен избор, регион, традиција, култура и финансиска состојба. Секој сака да јаде храна што му се допаѓа. Но, само со малку труд и внимание можеме многу да придонесеме. Доколку се храниме здраво, со локални продукти, доколку ги користиме продуктите сезонски и знаеме од каде потекнуваат, хранејќи се ќе ја спасуваме природата.