02
Јул
2020

Одржливиот туризам и заштитата на животната средина

Целта на одржливиот туризам е да постави една форма на рамнотежа помеѓу еколошкиот, економскиот и социо-културолошкиот аспект на развојот на туризмот. Овој вид на туризам има особена важност во зачувување на животната средина. Тој стреми кон намалување на влијанието на туризмот не само врз животната средина, туку и влијанието кон локалната заедница и култура. Идејата на овој вид на туризам е да се создадат услови да природните и културолошки вредности останат и за другите, идни генерации без притоа да се влијае негативно врз заработувачката, вработеноста и развојот на заедницата. Преку ова, одржливиот туризам го потенцира позитивното влијание на туризмот врз заштитата на животната средина и врз локалните заедници. 

Фотографија: Васил Милјовски

Одржливиот развој ги обезбедува важните економски средства за заштита на живеалиштата. Често, средствата што туристите ги трошат при посета на некоја локација, повторно се враќаат кон заштита и унапредување на тоа место. Освен средства за активна заштита на важните природни подрачја, доаѓаат и финансии до малите локални заедници за кои овие локации се главен извор на живот.

Освен за директен развој, овој вид на туризам претставува и канал за едукација и подигнување на свеста кај посетителите и туристите околу важноста за заштитата на животната средина, а особено заштита на биолошката разновидност.

Одржливиот туризам е гранка од туристичката индустрија што е посветена на намалување на целокупното влијание од туризмот врз сите полиња од животот, особено кон природните вредности. Главната одлика е формирање на позитивна линија на системи преку кои напредува заштитеното подрачје, локалното население, туристите како и туристичките организации и агенции.

Туристичката организација при Обединетите Нации го дефинира одржливиот туризам како туризам кој ги сретнува и исполнува потребите на туристите и туристичките региони, додека ја чува природата и ја отвора можноста за долготраен развој на подрачјето.  Ова значи дека одржливиот туризам не е само прост продукт, услуга или понуда, туку сосема посебен начин на уредување на овој дел од општеството кој се стреми кон вредностите на одржливиот развој. Ова вид на туризам кој употребува интегрален пристап кон обезбедување на добро туристичко искуство и заштита на животната средина.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...