12
Мар
2020

Улогата на природните пејсажи

Пејсаж е визуелна претстава на природните карактеристики на пределот. Секој предел со себе содржи свои пејсажни вредности. Пејсажот е видливата физичка претстава на пределите и екосистемите.

Според некои дефиниции, природните пејсажи се пејсажи кои не се под влијание на човечките активности. Според други пак, во природните пејсажи човекот може да учествува во нивното уредување, но не и нивно уништување. Природните пејсажи се вредни кога живите и неживите елементи во него се слободни да се движат и да се менуваат. Понекогаш пејсажите се важни и кога во нив нема значајни фаунистички или флористички елементи, пример за тоа се различните геолошки појави; како планински врвови, вулкани и карпи.

Фотографија: Кристина Најдовска

Пејсажите може да се поделат во различни категории во зависност од нивната старост, појава, форма и управување. Па според тоа постојат:

  • Девствени пејсажи: оние кои се непромените од нивното формирање, места каде човекот воопшто не влијаел
  • Историски управувани пејсажи: тоа се пејсажи каде човекот низ историјата, постојано влијаел, ги формирал и управувал.
  • Активно управувани пејсажи: оваа група на пејсажи се места кои се активно и тековно управувани во човекот и тој постојано ги управува.

Денес, бројот на девствени природни пејсажи се намалува и сега тие може да се сретнат во физички и географски ограничени делови на светот; како пусти острови, високи планински врвови, пустини или пак во границите на заштитените подрачја како национални паркови и паркови на природата.

Природните пејсажи имаат 3 главни функции во природата: еколошка, социјална и економска.

Од еколошки аспект, пејсажите претставуваат збир на многу хабитати во кои голем број на видови живеат и се размножуваат. Тие имаат важна улога во зачувување на специфичните живеалишта и одржување на синџирот на исхрана. Девствените пејсажи се особено важни за зачувување на ретките видови на животни и растенија.

Пејсажите имаат и голема економска функција. Тие претставуваат извор на храна и природни ресурси за заедницата, а во поново време и извор за одржување со својот голем туристички потенцијал.

За луѓето природните пејсажи имаат важна социјална функција. Тие ни дааваат чувство на припадност, често и духовно и историски се поврзуваме со нив, а зачуваните пејсажи влијаат врз квалитетот на животот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...