Биодиверзитетот и заштитата на животната средина
Биодиверзитет е количеството на различни видови на живот на Земјата. Под биодиверзитет се подразбира бројот на видови на растенија, животни, габи и микроорганизми. Освен живи организми под биодиверзитет се подразбира и сите видови на екосиститеми и живеалишта.
Биодиверзитетот е клучна и основна компонента за одржување на животот на природата на Земјата. Сите видови на живи организми и сите екосистеми се испреплетени во една мрежа на глобален екосистем и секоја мала промена како загуба на животински вид или уништување на некој екосистем може целосно да ја наруши оваа глобална мрежа.
Правилото е: богат биодиверзитет за здрав екосистем.
Биодиверзитетот влијае на речиси секој аспект на животот на планетата. Поголема разновидност на растенија значи повеќе количество на храна како и храна со голема разноликост, големата вегетација ја чува и одржува питката вода, речните растенија помагаат во природното чистење на реките. Габите, инсектите и црвите учествуваат во формирање на почвата, а дрвјата со кореновите системи ја штитат почвата од ерозија.
Биодиверзитетот претставува единствен и главен ресурс за храна за сите во природата. Тој го чува нашето здравје зошто сите лекови доѓаат како активност на растенијата и нивниот метаболизам, а растенија и алгите учестувуваат во чистење на загадениот воздух и намалување на влијаенијето на климатаските промени.
Уништувањето на биодиверзитетот носи промени кои се речиси неповратни и затоа наместо обновување на биодиверзитетот, ние треба да работиме на негово зачувување.