16
Дек
2019

Локалното население од општините Берово и Пехчево креираше заедничка визија за регионот на Малешевските Планини

Чисти реки и кладенци, зачувана природа, живи села и побелени падини со овци, развој во хармонија со природата, за потребите на жителите, посетителите, инвеститорите – посакуваат во иднина за својот крај беровчани и пехчевци. Малешевските Планини според нив треба да бидат атрактивна дестинација за туристите, кои ќе уживаат во збогатената туристичка понуда, со соодветна инфраструктура по планинските патеки, со планински куќи и домови за одмор и рекреација, како и традиционална храна; зголемен рурален развој и подобрен стандард на локалното насление. Ваков е заклучокот од работилницата за креирање на визија од локалното население за регионот на Малешевските Планини што се одржa на 10 декември (вторник) 2019 година во хотел Манастир, Берово.

Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој истакна дека заштитено подрачје од пониска категорија може да донесе само бенефит за локалното население, а нема да биде ограничување.

На работилницата учествуваа преставници на Општина Берово и Општина Пехчево, како и претставници на владини и невладини организации од секторот шумарство, земјоделство, лов, туризам и бизнис секторот. Организатор на оваа работилница беше Македонско еколошко друштво како дел од активностите за информирање и вклучување на засегнати страни од регионот во процесот за прогласување на Ченгино Кале како заштитено подрачје.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено е воспоставување на заштитени подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница. Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување на процес за прогласување.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...