31
Мај
2019

Одржан координативен состанок за разгледување на предлогот за прогласување на Осоговски Планини за заштитено подрачје

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 на ден 30.05.2019г. (четврток) во Скопје организираше координативен состанок на клучните заинтересирани страни за разгледување на границите и зоните на предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“, адаптирани согласно економските активности.

На состанокот присуствуваа високи претставници на сите клучни заинтересирани страни: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Национални шуми, Центарот за развој на Источен плански регион, општините Кочани, Македонска Каменица, Крива Паланка и Пробиштип, Македонско еколошко друштво, како и претставници на програмскиот тим за координација и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Присутните ги прифатија предложените граници и зони на предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“, а до крајот на месец јуни се очекува да биде изготвена и Студијата за валоризација на природните вредности. По поднесувањето на Студијата за валоризација во Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамки на Програмата, ќе започне да се спроведува кампања за идното заштитено подрачје како и серија на јавни настани и состаноци со сите засегнати страни, по што целиот процес треба да заврши со прогласување на подрачјето за заштитено со одлука на Влада.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...