30
Јан
2019

Одлични реакции за македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) по премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“

Со овации, одушевување и долг аплауз, срдечно реагираше публиката по премиерата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ („Honeyland“) што се одржа на 28 јануари (понеделник) во Јута, САД, во рамки на филмскиот фестивал „Санденс“ („Sundance“).

Критичарите ги бележеа своите импресии уште за време на проекцијата, а само неколку часа по премиерата истите се огласија со позитивни критики во медиумите и преку социјалните мрежи.

Познатиот филмски критичар Ентони Кауфман од „Скрин Интернешнал“ (Screen International) по премиерата на „Медена земја“ („Honeyland“) кажа:

„Бев скептичен, но откако го гледав се убедив дека гласините кои се ширеа на „Санденс“ за македонскиот документарец „Медена земја“ се вистинити. Овој документарец е совршен колку што еден документарец би можел да биде.“

Шери Линден од престижниот „Холивуд Репортер“ (Hollywood Reporter) напиша: „Во оваа ера на кризи на изумирање, загрозени природни живеалишта, безобѕирно профитирање, а да не зборуваме за работата на Одделот за внатрешни работи на Трамп, „Медена земја“ раскажува приказна со универзален одглас, дури и кога открива заборавено место, кое е толку специфично и необично, што повеќето современи луѓе од западниот свет никогаш не би можеле ни да го замислат“.

Со позитивни коментари се огласија и Крис О’Фалт од „Индивајр“ (Indierwire), Ерик Хајнс од „Филм комент“ (Film Comment), Соња Епштајн од „Слоан сајанс енд филм“ (Sloan Science And Film) и други.

‒ Исклучително рафинираното чувство за препознавање на уникатниот документаристички филмски јазик и повеќеслојноста во овој наратив беше провокација за публиката која по премиерата, во минутите определени за прашања и одговори, настапи со огромна љубопитност и многу комплименти и според еден од организаторите на „Санденс“, ова е еден од ретките документарци на фестивалот, воопшто, на кој целата публика останала на „прашања и одговори“ по филмот ‒ откри екипата на филмот.

„Медена земја“ („Honeyland“) кој е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, е во официјална конкуренција на престижниот фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарни филмови од целиот свет. Покрај режисерите, на премиерата на „Санденс“ присуствуваа и продуцентот и монтажер на филмот, Атанас Георгиев, и снимателите Фејми Даут и Самир Љума. Веднаш по премиерата беше организиран и промотивен настан за „Медена земја“ („Honeyland“) во Парк Сити, на којшто беше дегустиран автентичниот мед, собран од Атиџе – главниот протагонист во филмот, како и македонски висококвалитетни вина.

На манифестацијата, чие годинашно издание се одржува од 24 јануари до 3 февруари, ќе следуваат уште шест проекции на македонскиот документарец (четири во Парк Сити и две во Солт Лејк Сити). „Санденс“ е најголем американски фестивал на независен филм и еден од најпрестижните во светот, на ниво на фестивалите во Берлин, Кан, Венеција и други. Ова е првпат македонски долгометражен документарен филм, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција на „Санденс“ и токму поради тоа е од големо значење за македонската кинематографија.

Годинава го очекуваат презентации на значајни светски фестивали. Премиерата во Скопје ќе се одржи на почетокот на март, а детали околу датумот и местото на одржување ќе бидат соопштени по враќањето на екипата од САД.

„Медена земја“ („Honeyland“) раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Зад музиката на „Медена земја“ („Honeyland“) стојат членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Тизерот може да го погледнете на следниов линк: https://vimeo.com/228856441

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...