31
Јан
2018

Студиска посета на Градоначалниците од Источниот Плански регион во Бугарија

Во рамките на Програмата за зачувување на природата, прoект на Швајцарската агенција за развој и соработка, делегација составена од Градоначалниците на Источен плански регион, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Македонски шуми“ како и претставници на Центарот за развој на Источниот плански регион, минатиот викенд оствари средби со своите колеги од Бугарија.

Делагацијата се сретна со Градоначалниците на Благоевград и Петрич со кои детално беа дискутирани придобивките и предизвиците за локалното население кои произлегуваат од постоењето на заштитени подрачја. Пред сѐ беше истакнат придонесот од постоењето на овие подрачја кон подобрување на социјално-економските услови преку развивање на рурален туризам и користењето на меѓународи фондови за развој.

На дополнителните средби со претставниците на локалните и владини институции кои управуваат со заштитените подрачја во регионот на планините Беласица и Рила беа споредени и разгледани пристапите кон управување на подрачја со различен степен на заштита. Искуствата од Бугарија наспроти локалните состојби во Источниот дел на Македонија ќе служат како појдовна точка за изнаоѓање на соодветни мерки за заштита на природата во Малешевијата, Осогово и Плачковица, региони кои изобилуваат со биолошка разновидност и природни вредности а засега немаат заштита во Македонија.

За време на посетата нашата делагација имаше можност и на терен да се запознае со различните активности кои ги спроведува локалното население и да разговара директно со оние кои имаат најголема придобивка од постоењето на заштитените подрачја. Оваа посета ја потврди и можноста за блиска преку-гранична соработка на соодветните институции од Македонија и Бугарија.

Една од клучните цели на Програмата за зачувување на природата е подобрување на состојбата со природните вредности во сливот на реката Брегалница и промоција на нивно одржливо користење и управување преку воспоставување на заштитени подрачја и други активности. Координатор на Програмата е Фармахем Скопје, главен партнер е МЖСПП, стратешки партнер е Центарот за развој на Источниот плански регион, а спроведувач на активностите поврзани со оваа компонента од Програмата е Македонското еколошко друштво.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...