12
Окт
2017

Одржливо производство на ориз – придобивки и за фармерот и за природата

Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија се врши промоција на практики за одржливо производство на ориз кои имаат за цел да ги намалат притисокот и негативните влијанија врз природните ресурси истовремено обезбедувајќи социо-економски бенефит за фармерите (намалување на трошоците за внес, едукација и сл.)

Proizvodstvo_oriz_bregalnica1

Овие практики вклучуваат:

  • Контролираната употреба на хемиски средства преку употреба на хербицид за пред и по никнење, но во препорачани дози;
  • Поефикасна употреба на вештачки ѓубрива според препорачана доза и во соодветно време;
  • Контролирана употреба на вода преку поставување на перфорирани цевки на самите полиња и мерење на нивото на водата;
  • Намалување на нормата на семе преку користење на редосеалка и др.

Подетален опис на овие како и на останатите практики за одржливо производство на ориз кои се промовираат преку ПЗП, се претставени и опишани во Нацрт прирачникот за одржливо производство на ориз, изработен за потребите на овој проект. Покрај прирачникот изработен е и Пасош, во кој фармерите ги запишуваат сите податоци за активностите кои ги спроведуваат (на пр. вид и норма на семе и дата на сеидба, вид и количина на хербицид и дата на аплицирање и сл.).

Proizvodstvo_oriz_bregalnica3

Практиките за одржливо производство на ориз најпрво беа тестирани како пилот иницијативи на полињата на еден фармер, а од оваа година се применуваат од страна на 11 фармери, со тендеција оваа бројка постепено да се зголемува. Во текот на целиот процес фармерите се мониторирани од страна на тимот на ПЗП со експертска поддршка од страна на Joseph Rickman (долгогодишен соработник на IRRI – меѓународен институт за истражување на оризот) и претставниците од Одделението за поледелство при Земјоделскиот институт Скопје.

Првата мисија на Joseph Rickman во Република Македонија беше реализирана во месец мај непосредно по сеидбата на оризот со посета на сите полиња и со дадени препораки за понатамошните чекори. Втората негова мисија се реализира во периодот од 26 до 28 септември кога тој ги посети полињата на фармерите и одржа работна средба со сите фармери и претставниците на Одделението за поледелство на која се евалуираа активностите спроведени во 2017 година, но и се дискутираа можностите и насоките за следната година. Моменталната состојба на оризовите полиња вклучени во проектот, Joseph Rickman ја оцени како солидна и со голема веројатност за високи приноси.

Proizvodstvo_oriz_bregalnica6

Во периодот кој следи ќе се изработи извештај врз основа на податоците кои фармерите ги запишуваат во своите пасоши и резултатите, научените лекции и заклучоците ќе бидат презентирани пред повеќе заинтересирани страни.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...