25
Мар
2015

Јозеф Рикман од Меѓународниот институт за истражување на оризот (IRRI) во посета на Програмата за зачувување на природата во Македонија

DJI00073_MP4_oriz3

Во рамки на компонентата за промовирање на иницијативи за одржливо земјоделство започнати се првичните активности за воспоставување на пилот проект за одржливо производство на ориз. Во рамки на оваа активност веќе беше потпишан Меморандум за соработка со ЈП Македонски шуми, а започнати се и првичните активности за поставување на опитот за одржлво производство на ориз во општината Карбинци каде што е извршено нивелирањето на парцелите кои ќе се користат во поставување на опитот. На 25 и 26 март 2015 година, експертот за ориз од Меѓународниот институт за истражување на оризот (IRRI), Joseph Rickman имаше своја мисија во штипско – кочанскиот регион каде имаше можност диреткно да се запознае со активностите кои Програмата за зачувување на природата во Македонија ги реализира за воспоставување на опит за одржливо производство на ориз. Покрај посетата на опитните површини, Joseph Rickman имаше можност за средби со претставници од: Институтот за ориз при Земјоделскиот институт на Универзитетот „Кирил и Методиј“ од Скопје, Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ЈП „Македонски шуми“, подрачната единица „Серта“ при ЈП „Македонски шуми“, како и приватни одгледувачи на ориз од регионот.

DSCoriz2_1000x667

Оваа првична посета, Joseph Rickman ја искористи за собирање на податоци за состојбата и начините на традиционално производсто на ориз како и за подготовка на идни конкретни предлози и насоки за воспоставување на опитот за одржливо производство на ориз

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...