Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион
На 13.04.2014 година во рибник „Слив“ Виница се одржа Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион, на кој беа поканети сите 15 општини од сливот на р.Брегалница. На настанот присуствуваа претставници од 13 општини, како и претставници од Центарот за развој на Источен плански регион. Членовите на Проектниот тим за координација дадоа појаснување на Насоките за аплицирање, а исто така беа објаснети и форматите кои треба да се пополнат од страна на општините: Проектен концепт, Апликативна форма и Бизнис план, како и потребните анекси кои треба да се приложат заедно со форматите. Учесниците на Инфо денот иницираа неколку прашања до ПЗП и Донаторот, со цел за изработка на поквалитетни проектнипредлози од страна на општините.
На последната седница на Советот на Источниот плански регион концептот и правилата за аплицирање беа презентирани и пред градоначалниците од општините од ИПР од страна на Националниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион ќе биде објавен наскоро.