28
Мар
2018

Се одржа првиот состанок на работната група за пилот регионалниот план за управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница (Берово и Пехчево)

Изработката на пилот регионалниот план за управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница (Берово и Пехчево) претставува една од главните компоненти во рамки на втората фаза на Програмата за зачувување на природата во Македонија која се однесува на одржливото управување со шумите.

Процесот за подготовка на еден ваков иновативен план за управување со шумите кој вклучува партиципативен пристап продолжи со формирање на работната група која на 15.03.2018 година во Скопје го одржа својот прв состанок. Оваа група има за цел да го поддржи процесот, но во исто време и да дава насоки за подобрување, како и да ги гради сопствените капацитети за подготовка на пилот РПУШ во горниот дел на реката Брегалница. Работната група е составена од номинирани претставници на следниве институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија (Сектор за туризам и угостителство), Центар за развој на Источен плански регион, ЈП „Македонски шуми“ – дирекција, ЈП „Македонски шуми“, подружница „Равна река“ – Пехчево, ЈП „Македонски шуми“, подружница „Малешево“ – Берово, УКИМ „Шумарски факултет“ – Скопје, Општина Берово, Општина Пехчево, ДИК „Фагус“ – Пехчево, Хотел „Манастир“ – Берово, Македонско еколошко друштво, Национално здружение на сопственици на приватни шуми, Програма за зачувување на природата во Македонија – ПЗП и Бернскиот Универзитет за применети науки – BFH-HAFL.

На овој прв состанок, покрај официјалното формирање на групата, беше донесен заеднички став околу главните принципи за подготовка на еден ваков план, беа дефинирани и одобрени содржината на планот и чекорите за работа, но исто така се обезбеди заедничка согласност на членовите на работната група за работниот план на групата за 2018 година.

На работниот состанок свое обраќање имаше претставничката на Швајцарската Амбасада во Република Македонија, г-ѓа Станислава Додева и тим лидерот на ПЗП, г-ѓа Марјана Шушлевска.

Процесот на изработка на пилот РПУШ во горниот дел на реката Брегалница (Берово и Пехчево) има експертска поддршка од проф. Јурген Бласер од Бернскиот Универзитет за применети науки (BFH-HAFL) кој воедно е и еден од партнерите на ПЗП.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...