Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД) и Јавното претпријатие „Национални Шуми“, започна кампања за прогласување на Осоговските планини за заштитен предел. Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“ и кои се економските придобивки од заштитените подрачја. Кампањата е поддржана од Програмата за зачувуавње на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.