14
Авг
2020

Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел.
За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа:

• Во Кочани, на 18.08.2020г., во 18 часот, локација: Спомен дом на АСНОМ;
• Во Македонска Каменица, 20.08.2020г., во 18 часот, локација: Парк пред Домот на Културата;
• Во Пробиштип, 25.08.2020г. , во 18 часот, локација: секундарен плоштад на амфитеатарот;
• Во Крива Паланка, 26.08.2020г., во 18 часот, локација: Зелениот парк во рамките на дворното место на Средното Општинско Училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка.

Предлог актот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии заинтересираната јавност може да достави на: infoeko@moepp.gov.mk.

Јавните расправи ќе одржат на отворено и ќе се почитуваат протоколите за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).

Заради запазување на мерките за заштите потребно е да го потврдите Вашето учество и да наведете на која јавна расправа/и ќе присуствувате, на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на:+389 76 233 020.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...