Што е заштитен предел?
Заштитен предел е вид на заштитено подрачје. Тоа влегува во категоријата 5 според Меѓународната заедница за заштита на природата.
Заштитен предел е место каде врската помеѓу човекот и природата со текот на времето создало подрачје со редок карактер со високи еколошки, биолошки, културни и пејсажни вредности. Кај заштитениот предел најважно е да се зачува врската помеѓу човекот и природата зошто таа е клучна и најважна во заштитата и управувањето на заштитеното подрачје.
Главна цел на заштитениот предел е да се заштите природата преку заштита на традиционалните историски практики на управување на природните ресурси.
Еден од начините на кој ваквиот вид на заштитено подрачје функционира и одржување на рамнотежата во односот помеѓу природата и човечката култура преку заштита на подрачјето, но и начинот на живот на локалното население.
Прогласување на едно подрачје за заштитен предел придонесува не само кон заштита на одредени видови на живи организми или живеалишта туку и кон развој на локалната заедница.
Заштитениот предел носи со себе можности за вработување и социо-економски развој на подрачјето преку рекреација и туризам. Подрачјето е заштитено, но управувано, со што може да нуди голем број на природни продукти и екосистемски услуги. Преку овој вид на заштитено подрачје се заштитува и локалниот агробиодиверзитет како и традиционалните земјоделски практики.