30
Јул
2019

Планинарењето и заштитата на животната средина

Планинарењето има значајна улога во еколошкото образование и подигнување на еколошката свест. Преку престој во природата, човекот побргу може да научи за значењето на животната средина. Често при планинарењето, луѓето добиваат чувство на почит кон природата, што ги тера да размислуваат за вредноста на екосистемите и биодиверзитетот.

Планинарењето е активност која има двојно значење. Помага во борбата за здрава животна средина, но и помага за подобро психо-физичко здравје. Со планинарењето и движењето на стрмнини и угорнини се активираат речиси сите телесни мускули, со што ова технички аеробна вежба ја подобрува работата на срцето, белите дробови и мускулите. Често се планинари во друштво, а ова пак придонесува до намалување на стресот, регулирање на крвниот притисок и помага во формирање на нови мозочни синапси што е важно за подобра концентрација и мислење.

Фото: Стефанија Видовски

Сепак со планинарењето можеме и негативно да влијаеме врз животната средина. Затоа се препорачува секогаш да се следи поставената и означена патека. Преку ова се намалува можноста за губење во планината, а и се намалува вознемирувањето на живиот свет.

На планина треба да се избегнува палење на логорски оган или готвење на оган зошто опасноста од шумски пожари е огромна. Доколку треба да се кампува се препорачува да се кампува на веќе поставени кампинг локации, а доколку такви нема, тогаш да се кампува на отворени места без притоа да се сече локалната вегетација за уредување на просторот. Секако, строго се забранува оставање на секаков вид отпад.

Со овие препораки можеме да уживаме и да учиме од природата, без да оставаме трајни траги низ неа.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...