05
Јун
2019

Улогата на пчелите во земјоделството

Пчелите и пчеларството претставува карактеристична гранка на сточарството. Пчелите се едни од најстарите припитомени животни од страна на човекот и се еден од неколкуте инсекти што човекот активно ги одгледува покрај свилената буба. Пчелите имаат значајна улога во земјоделството. Тие ги опрашуваат, а со тоа и ги размножуваат растенијата, ја зголемуваат и влијаат врз успешноста на жетвата како и квалитетот на земјоделскиот продукт.

Речиси една третина од храната што човекот ја конзумира директно или индиректно зависи од опрашувањето од пчелите. Многу видови на овошки, јатки и зеленчуци имаат потреба од размножување со помош на пчели. Доколку не би постоеле пчелите голем број на зеленчуци или овошја би исчезнале од редовната исхрана на луѓето.

Фотографија: Евгениј Хоуп

Со ова, одгледувањето на пчели во денешно време ја надминува неговата основна потреба, производството на мед и медни производи, туку се користи и како алатка за успешност во земјоделството.

Но, поради прекумерната употреба на пестициди и загубата на површини поволни за хранење на пчелите директно се влијае врз животот на пчелите и нивната работа. Траги од пестициди, тешки метали и активни токсични супстанци се почесто се сретнуваат во анализите на медот. Ова упатува дека дека човечкото влијание може да се следи и се забележува во сите делови на екосистемите. Можноста за забележува сите промени во природата преку пчелите ја дава и нивната најнова улога, а тоа е користење на пчелите како алатка за биомониторинг. Преку следење на нивната бројност, однесување и квалитет на мед директно ја следиме состојбата. Затоа, квалитетна животна средина значи и подобар продукт. Преку заштита на околината, се грижиме за пчелите, а со тоа и за нас и нашата исхрана.

Доколку сакате да им помогнете на пчелите еве што можете да направите:

  • На вашите тераси и во дворовите насадете растенија кои цветаат со многу нектар
  • Купувајте мед и медни производи од локален пчелар
  • Избегнувајте непотребно косење на ливадите или дворовите или пак косете ги на крајот на вегетативната сезона на растенијата (кога ќе прецветаат)
  • Избегнувајте користење на пестициди

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...