08
Фев
2014

Запознавање со потенцијалите за зачувување на агробиодиверзитетот во регионот

DSC_0111_1000x667Одржливо земјоделство и зачувување на агробиодиверзитетот е една од програмските активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија, заради спецификите во оваа област кои ги има Источниот плански регион. За првично запознавање со моменталната состојба во оваа сфера, врз основа на што ќе се дефинираат насоки за следните активности, во посета на регионот престојуваше професорот Ханс Рамсеиер од Универзитетот за применети науки во Берн. Проектниот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија заедно со професорот Ханс Рамсеиер имаше работни средби со претставници на релевантните институции од оваа област: Факултетот за земјодество и храна во Скопје, Институтот за ориз и ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани,  како и со претставници на неколку здруженија од регионот: Кластер за ориз, Машински круг, Slow food Осогово, Здруженија на пчелари, Здружението на органски производители на овошје Аронија и Македонско еколошко друштво (МЕД). Посетени беа и две фарми за одгледување на овци во Малешевијата со цел да се види на терен начинот на одгледување на овци и директно да се слушне за потребите и предизвиците со кои се соочуваат фармерите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...