Одржана иницијална работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 17 декември 2012 година во Скопје се одржа иницијална работилница на Програмата за зачувување на природата во Македонија на која партнерите, донаторот и коориднаторот на Програмата имаа можност да дискутираат за: визијата на програмата, односите помеѓу главните чинители, интеринституционалната соработка, предизвиците и соработката со програмскиот тим за координација. Покрај претставници на координаторите на програмата Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем на оваа работилница свое учество имаа и претставници на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Минстерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион, Шумарски факултет – Скопје и Агенцијата за просторно планирање. Работилницата беше отворена од страна на Катарина Штокер, заменик директор на канцеларијата на SDC во Македонија која искажа поддршка за реализацијата на една ваква програма како и посветеноста на SDC кон зачувувањето на природата во Македонија особено во Брегалничкиот регион.