Средби на тимот на Програмата со главните чинители на Програмата за зачувување на природата во Македонија
Во текот на месец декември 2011 година и јануари 2012 година националниот тим лидер и двајца експери од Програмата за зачувување на природата во Македонија одржаа средби со главните чинители на оваа Програма. Беа остварени средби со претставници на општините: Берово, Пехчево, Чешиново – Облешево, Кочани, Зрновци, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Карбинци, Штип и Пробиштип. Исто така беа остварени средби со претставници на Центарот за развој на Источен Плански Регион (ЦРИПР), Агенцијата за просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, „ОХО“, Македонско Еколошко Друштво – МЕД и со претставници на локалната канцеларија во Штип на Германското Друштво за меѓународна соработка. На овие средби националниот тим лидер Марјана Шушлевска ги запозна претставниците на општините, министерствата и институциите со целите на Програмата, начинот на кој ќе се спроведува програмата, кои се придобивките од спроведувањето на една ваква Програма особено придобивките на Брегалничкиот регион како и со начинот на вклучување на различните чинители во подготовката на Програмскиот документ. Од страна на претставниците на главните чинители беше искажано задоволство од започнувањето на една ваква програма која како главна цел ја има зачувувањето на биодиверзитетот и природата во Македонија преку нивно одржливо управување и искористување.