За програмата

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Република Северна Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Пристапот во реализација на активностите на Програмата е холистички, со вклучување на засегнатите страни и со истовремена интервенција на 3 нивоа: национално, регионално и локално. Програмата ќе ѝ помогне на Република Северна Македонија во остварувањето на барањата на NATURA 2000, еден од условите за пристап во ЕУ.

Во првата фаза од Програмата (ноември 2012 година – декември 2016 година) беа поддржани активности за обезбедување на стратешки и плански документи кои ќе помогнат во одржливото искористување на земјиштето при планирањето и управувањето со развојот на Брегалничкиот регион, како и анализа на еколошките недостатоци и мапа на еколошка сензитивност за Брегалничкиот слив. Овие документи се основа за реализација на конкретни активности за зачувување на природата и одржливо управување со природните ресурси. Исто така еден дел од активностите беше насочен кон зајакнување на капацитетите на клучните заинтересирани страни на регионално и локално ниво, како и кон подигање на јавната свест за зачувување на природата.

Во втората фаза од Програмата (јануари 2017 година – декември 2020 година), активностите беа насочени кон:

• Зајакнување на капацитетите на сите нивоа за ефективна примена на националното законодавство за зачувување на природата и интегрирано управување со природните ресурси;
• Примена на регионален пристап во зачувување на природата и орджливо управување со природните ресурси во Брегалничкиот регион;
• Поддршка на населението и МСП од Брегалничкиот регион за развивање понуда на производи и услуги во делот на земјоделство и туризам, кои имаат еколошки практики и се добиени со примена на принципи на социјална инклузија.

Фокусот на Програмата во излезната фаза е да придонесе брегалничкиот регион да ги сочува природните вредности и промовира одржлив и инклузивен социо-економски развој. Оваа генерална цел ќе биде постигната преку активности насочени кон:

• Примена на иновативни пристапи за интегрирано управување со природните ресурси од стана на соодветните установи и организации на сите нивоа
• Развивање на шема за плаќање екосистемски услуги (ПЕУ) за ЗП “Вевчански извори“ и почеток на нејзино спроведување.
• Зајакнати капацитети на клучните чинители за примена на интегрирано управување со шумите.

Оваа програма е таканаречена чадор (umbrella) програма која ги обединува сите активности кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион и има холистички (целосен, екосистемски) пристап во спроведувањето на активностите за зачувување на природата и одржливиот локален развој.

Исто така, оваа програма има директна соработка со останатите програми кои се спроведуваат во регионот со цел избегнување на повторувањето/ препокривањето на некои активности и взаемно користење на добиените резултати, податоци и документи.

Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија е координирана од проектен тим кој се состои од претставници на Фармахем, со водечка улога во имплементацијата, а претставниците на HELVETAS се во улога на backstopper, со поддршка на Фармахем во исполнувањето на водечката улога и одговорностите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...