Проектот го спроведе Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица, со цел да се зачува биодиверзитетот на Осоговските Планини.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Трасирани се две патеки кон двата најголеми врвови на Осоговските Планини и тоа: од Манастирски комплекс „Еленец“ до Царев Врв (2.085 м) во должина од 11 км. и од Рудник Саса до Руен (2.252м) во должина од 13 км., на кои се поставени патокази со ознаки и информативни табли;
- Поставен е видиковец на месноста „Китка“, каде е доуредена планинската чешма, а исто така се поставени и корпи за отпадоци;
- За промоција на проектните активности е испечатен леток, а исто така се подготвија и информативни постери.