Проектот го спроведе Општина Штип, со цел унапредување на процесот на енергетска ефикасност во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, преку намалување на трошоците за енергија и намалување на емисиите на CO2, како и зајакнување на свеста и перцепцијата кај учениците за важноста од спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија. Со реализација на проектот се поставија сончеви панели и болјери со систем за поврзување и регулирање, се заменија старите рефлектори во спортската сала со нови 20 штедливи рефлектори, се заменија старите оштетени врати со нови ПВЦ врати, а исто така се заменија и стаклата на прозорците со стакла со поголема температурна заштита.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалени сметки за енергија и намалени емисии на CO2;
- Подобрени услови за школување и за спортување во училиштето и општината;
- Подигнат степенот на зачувување на здравјето на учениците.
Проектот беше реализиран во периодот јули 2015 – февруари 2016 година.