Проектот го спроведе Општина Виница, со цел да се обезбеди здрава средина за одвивање на наставата во ОУ „Славчо Стојменски“, како и да се намалат негативните климатски влијанија. Со реализација на проектот, постоечкиот котел на нафта беше заменет со 2 котли на пелети, заради оптимално искористување на моќноста на котлите и енергетска ефикасност.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалена потрошувачка на енергенс за затоплување и зголемена енергетска ефикасност;
- Заштеда на финансиски средства;
- Намалена концентрација на СО2 кој се испушта во грејната сезона;
- Подобрен квалитетот на наставата во училиштето, преку подобро затополување на просториите;
- Подигната свест кај учениците и вработените, како и жителите на Виница за влијанието на климатските промени.
Проектот беше реализиран во периодот јули – декември 2015 година.