Проектот го спроведе Општина Зрновци, со цел заштеда на енергија односно намалени сметки за електрична енергија за општинската зграда на Зрновци, преку намалување на загубите на енергија. Со проектните активности беа замениети старите дрвени врати и прозорци со енергетски ефикасни ПВЦ, и беше поставена термо фасада на објектот, со што се намалија загубите преку фасадата и преку вратите и прозорците на општинската зграда во Зрновци.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалена потрошувачка на енергенс за затоплување и зголемена енергетска ефикасност;
- Заштеда на финансиски средства.
Проектот беше реализиран во периодот јули – декември 2015 година.