Имплементатор на проектот беше Општина Кочани. Проектот имаше за цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, а со тоа и намалени емисии на СО2, преку намалување на потрошувачка на нафта и електрична енергија. Со проектните активности заменети се сите прозорци и надворешни врати на објектот на детската градинка со користење на енергетски ефикасни ПВЦ профили и термопан стакло, со што се намалија загубите на енергија, а исто така се обезбедија подобри услови за престој на најмалите и вработените во градинката.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Подобра енергетската ефикасност на објектот со термичка и звучна изолација на прозорите и вратите;
- Намалена потрошувачка на енергенси за затоплување и намалена емисија на СО2.