Имплементатор на проектот е Друштвото за заштита на природата на Македонија.
Општа цел на проектот е да се промовираат природните вредности на Лесновскиот кратер пред пошироката јавност и да се подигне јавната свест за значењето на овој објект на природата.
Специфични цели се:
- Заштита и зачувување на локалитетот Лесновски кратер;
- Одржливо управување со природните вредности на Лесновски кратер
- Поттикнување на развојот на еко-туризмот;
- Поттикнување на развојот на руралниот развој.
Активности кои се реализирани во досегашниот период:
- Изработена е фото документација за геолошките и геоморфолошките вредности на Лесновски кратер и научно-популарен текст за значењето на една од најзачуваните палеовулкански појави во Република Македонија;
- Изработено е проектно решение за информативни табли и патокази и поднесено е барање за понуда до фирми кои се занимаваат со таква дејност;
- Изработени се 4 информативни табли, од кои, две се поставени на раскрсницата на која избива патот кој води од Злетово према селото Лесново, додека другите две се поставени покрај паркингот во селото Лесново;
- Изработени се 20 патокази, со кои е обележана една патека во должина од 1 100 метри која води од с. Лесново до подножјето на Илински Врв-еден од најзачуваните вулкански некови кои го опкружуваат Лесновскиот кратер;
- Изработен е и отпечатен лифлет во 1000 примероци во кој се презентирани најосновните информации за Лесновскиот кратер.
- Изработена е анимација за некогашната вулканска активност на Лесновскиот кратер која ќе биде ставена на You Tube;
- Одржана е иницијална работилница со засегнатите страни на која координаторот на проектот Васил Анастасовски на присутните им го претстави проектот “Промоција на природните вредности на Лесновски кратер” и јавна трибина на која стручниот соработник во проектот проф. д-р Ивица Милевски од Географскиот институт при Природно математичкиот факултет во Скопје одржа предавање на тема “Геовредностите на Лесновскиот кратер и можностите за нивна валоризација”. Во рамките на презентацијата беше емитувана анимација на претпоставената вулканска активност на Лесновскиот кратер пред околу 20-30 милиони години.
- Проектните активности беа промовирани на локалните и регионалните медиуми.